Како интригантен експеримент кој ги спојува пивото и науката, Heineken ги здружи силите со генетичарот Ендрју Шелинг за лансирањето на својата нова возбудлива кампања на новозеландскиот пазар, наречена “The Heineken Choice” („Изборот на Хајнекен“).
Целта на оваа соработка е да им обезбеди на љубителите на пиво уникатна можност да ја тестираат својата чувствителност кон разни горчливи вкусови, па на тој начин да откријат која верзија на пиво најмногу би им се допаѓала.
Идејата за оваа кампања произлегла од контрастните вкусови што ги нуди класичното Heineken Original и новото пиво Heineken Silver.
За да го направат ова искуство достапно за јавноста, комплетите за тестирање ќе бидат достапни бесплатно во избрани барови во градот Окленд во Нов Зеланд.
Кампањата се реализира во соработка со агенцијата за односи со јавноста Special PR.
View this post on Instagram