Во пресрет на претстојната Лунарна Нова Година, која го навестува владеењето на змејот, швајцарскиот производител на луксузни часовници TAG Heuer претстави два нови часовници во ограничено издание под наслов “TAG Heuer Carrera Chronograph Year of the Dragon”. Спојувајќи го кинеското културно богатство и наследството на TAG Heuer во тркачките спортови, овие часовници ја отелотворуваат традицијата и иновативноста, доловувајќи ја суштината на Годината на змејот.
Вкоренет во древната кинеска митологија, кинескиот змеј е натприродно суштество со добронамерни моќи, симболизирајќи ја империјалната сила и единство веќе илјадници години. Уникатен во кинескиот зодијак како суштество што не постои во физичкиот свет, кинескиот змеј има посебно место во кинеската култура. Ги отелотворува вредностите како моќ и харизма, кои соодветствуваат и со духот на TAG Heuer. Оваа синергија е видлива во смелиот дизајн на овие нови часовници, отсликувајќи го долготрајното наследство на кинескиот змеј во новата година.
Изработени од злато и челик, овие часовници оддаваат почит на кинеската култура и успехот отелотворен од кинескиот змеј, кој непогрешливо е паралелен со успешната приказна на серијата “Carrera” на TAG Heuer. Па така, TAG Heuer вешто го спојува своето тркачко спортско наследство со културното значење на кинескиот змеј, резултирајќи во часовници што зрачат со величественост.
Челичната верзија на часовникот може да се пофали со сребрен дисплеј, додека пак златната верзија зрачи со дисплеј во 18-каратно розево злато. И двете верзии се карактеризираат со индекси од розово злато и родиум, акцентирани со раскошен црвен лак што создава хармоничен спој. Малите бројчаници кај 3 и 9 часот се изведени во црвена боја и додаваат волшебен контраст со дисплејот, а треба да го симболизираат ликот на панда.
Централно поставената и црвено лакирана стрелка грациозно танцува околу бројчаникот, насочувајќи го вниманието кон дискретната, но прекрасна калиграфска лпретстава на змеј кај 6 часот. Овој амблем не само што ѝ оддава почит на традицијата, туку и ја прикажува посветеноста на TAG Heuer кон продолжување на наследството во современиот дизајн.
Дизајнот на задниот дел од куќиштето е целосно приспособен за да се гледа испечатената фигура на кинески змеј околу стаклото од сафир. Околу него има специјални гравури кои укажуваат на ограниченото издание на часовникот, „Limited Edition“ заедно со „One of 300“ за челичната верзија и „One of 50“ за поексклузивната верзија од розово злато.
Преку задното сафирно стакло е видлив и механизмот на часовникот – Caliber Heuer 02, развиен и произведен од TAG Heuer. Механизмот нуди одлична прецизност и перформанси при мерење на времето, благодарение на неговата вертикална спојка и тркало со столб. Со својата резерва за енергија од 80 часа, тој е наменет да го поддржува сечиј возбудлив животен стил.
Ременчето од алигаторска кожа во елегантна црвена боја го комплементира металното куќиште, подобрувајќи ја софистицираната привлечност на часовникот.
Часовникот доаѓа со специјална кутија во длабока црвена боја, надополнета со стилизиран симбол на кинески змеј во елегантна беж боја.
Во срцето на Годината на змејот, TAG Heuer носи часовници кои го отелотворуваат наследството длабоко испреплетено со кинеската култура. Овие часовници не се само модни аксесоари: тие се симболички репрезенти на годината на моќта, среќата и просперитетот.
Официјални застапници за производите на TAG Heuer во Македонија се „Божиновски часовници и накит“.