Американскиот бренд за спортска опрема Nike најави повеќе промени во лидерскиот тим, со цел „забрзување на иднината на спортот“.
За нов генерален маркетинг директор на компанијата е избрана Никол Хабард Грејам, која во изминатите 18 години држела повеќе лидерски функции во Nike на регионално и глобално ниво. Таа го наследува Дирк-Јан ван Хамерен, кој одлучи да се пензионира после 31 година поминати со Nike.
За нов генерален директор за иновации е избран Џон Хок, кој што ќе треба тесно да соработува со Том Кларк, претседател за иновации во Nike, со цел да ја засили и забрза иновациската стратегија на компанијата.
Џон Хок претходно ја вршеше функцијата генерален директор за дизајн, а на тоа место ќе го наследи долгогодишниот дизајнер на Nike, Мартин Лоти.
Нов генерален директор за технологија ќе биде д-р Муге Ердирик Доган, кој во Nike пристигнува од Amazon, каде служел како претседател на Amazon Fashion и ги предводел тимовите за деловно работење, технологија, наука, производи и операции.
Новите директори ќе продолжат да го надградуваат силниот моментум и длабока посветеност на брендот за да им служи на спортистите преку иновативност во производите, извонредност во дизајнот и моќното раскажување на приказни.