Поранешната кошаркарска ѕвезда Шекил О’Нил, познат по својата доминантна физичка градба, посакува да беше помал во новата хумористична реклама на Pepsi за своите мали пакувања.
Централниот спот на кампањата насловена “I Wish” („Посакувам“) е замислен како музички спот кој ги илустрира разните незгодни ситуации со кои популарниот Шек се соочува во секојдневниот живот поради својата големина. Изразувајќи желба да беше малку помал, Шекил потоа истакнува дека малите лименки на Pepsi се баш совршената големина – за освежување во една голтка!
Емоцијата и хуморот на спотот се засилени благодарение на раперот Ски-Ло, кој изведува реинтерпретирана пародична верзија на сопствениот хит од 1995 година „I Wish I Was A Little Bit Taller“ („Посакував да бев малку повисок“).
„Како долгогодишен партнер на брендот, секогаш ми е убаво кога работам со Pepsi. Беше неверојатно забавно да се создаде рекламата “I Wish”, покажувајќи како работите би можеле да бидат подобри ако навистина бев малку помал. Но, со лименките Pepsi Mini можам да уживам во секоја голтка и да ги ценам малите нешта во животот“ – истакнува Шекил О’Нил.