Организацијата на наградите Epica со задоволство го објави потесниот избор за 2023 година. Бидејќи агенциите влегуваат само во нивните најдобри проекти, достигнувањето на потесниот круг на избор, меѓу толку многу потенцијални победници, е само по себе големо достигнување.
Од Epica Awards им изразуваат благодарност на сите агенции, продукциски компании и огласувачи кои зедоа учество во натпреварот. Во текот на изминатите неколку дена, уникатното жири составено од уредници и новинари од целиот свет ги разгледуваше и оценуваше пријавените проекти. Со повеќе од 150 членови кои активно гласаа, овогодинешното жири беше едно од најголемите во историјата на овој креативен натпревар
Избраните финалисти продолжуваат во следниот круг на гласање, кое ќе се реализира онлајн од 22 ноември до 1 декември. Во Брисел ќе се одржи и жири-сесија со физичко присуство за доделување на главната Grand Prix награда.
Освојувачите на златна награда и Grand Prix ќе бидат објавени за време на специјална онлајн церемонија на 7 декември. Добитниците на сребрени и бронзени награди ќе бидат објавени на веб-страницата на Epica Awards следниот ден, на 8 декември.
Најголем број проекти оваа година биле поднесени од Канада, по што следуваат Германија, Франција, САД и Обединетото Кралство. Во однос на агенциските мрежи – Publicis, McCann Worldgroup, Dentsu, VMLY&R и Wunderman Thompson биле особено добро застапени.
Од 1987 година, жирито на Epica Awards е исклучиво составено од уредници и искусни новинари од водечките светски публикации кои ја следат креативноста и комуникациската индустрија. Тие се исто така поддржани од новинари од специјализирани области како што се постпродукцијата, дизајнот, технологијата, автомобилизмот и модата.
Целосната листа на финалисти на Epica Awards за 2023 година е достапна на следниот линк.