Платформата за стриминг на аудио содржини Spotify ја отпочна овогодинешната кампања „Wrapped“ која ги информира корисниците за нивните слушачки навики во текот на целата година.
Збирните податоци покажуваат дека Тејлор Свифт била најстримуваниот изведувач во светот оваа година, со 26 милијарди преслушувања на Spotify. Најслушаната поединечна песна на платформата била “Flowers” од Мајли Сајрус, додека пак најслушаниот поткаст на светско ниво е повторно “The Joe Rogan Experience” на Џо Роган.
Личниот преглед за најслушаните содржини на секој корисник поединечно е достапен преку мобилната и десктоп верзијата на Spotify, со неколку новитети во однос на минатата година. Тие вклучуваат прецизно одредување на еден од 12-те парадигматични ликови што најдобро ги илустрираат слушачките навики на корисниците, коментар од „диџеј“ со вештачка интелигенција кој ги води слушателите низ нивниот преглед на годината, како и нова функција за создавање комбинирана плејлиста со пријателите на сите ваши најслушани песни во текот на годината.
Како и секоја година, така и овој пат кампањата “Wrapped” ќе биде проследена со билборди, принтови и дигитални реклами, кои споделуваат податоци за најслушаните артисти во светот – секако проследено со хумористични досетки.
За прв пат, брендот денес ќе одржи и музички настан во живо за одбележување на изминатата годината. На концертот кој се организира во Лондон ќе настапуваат изведувачите Sam Smith, Chase & Status, Charli XCX, Kenya Grace, Strandz, Raye и Libianca. Истиот ќе може да се следи и онлајн на социјалната мрежа TikTok.
Повеќе информации за Spotify Wrapped 2023 се достапни на следниот линк.