Автомобилскиот бренд Dacia ја отпочнува својата нова меѓународна кампања, насловена “For us, for real people” („За нас, за вистинските луѓе“), со цел да го одбележи лансирањето на третата генерација од својот теренски модел Duster – овој пат во електрична инкарнација.
Централниот филм на кампањата прикажува „автентична визија“ за автомобилот, дизајниран и составен за употреба во секоја пригода, во секој момент од реалниот живот. Тоа е живот составен од секојдневни радости, интензивни моменти и вистински, човечки средби.
За својата интернационална верзија, филмот е проследен со песната “California Dreamin” од Бери Мекгваер. Оваа интерпретација ја нагласува емоцијата на филмот, додека го задржува привлечниот ритам на човечката приказна. Притоа, стиховите ја изразуваат желбата за откривање нови хоризонти.
Кампањата е создадена во соработка со креативната агенција Publicis Conseil и продукциското студио Wanda.