Брендот за спортска опрема со помош на хеликоптер ѝ достави нова јакна на жена на врв од планина во Нов Зеланд, чија претходна поплака спрема брендот станала вирална на TikTok.
Џен Џенсен објавила видео на социјалната мрежа TikTok на 17 ноември како се движи по планинарска патека при обилен дожд, целосно натопена во наводно водоотпорна јакна со логото на The North Face.
Во видеото кое има собрано над 11 милиони прегледи, Јенсен вели: „Ја купив оваа „јакна за дожд“ пред неколку дена и на ознаката пишуваше дека е водоотпорна. Па слушајте, јас сум 100% сигурна дека надвор врне дожд и дека сум жива вода“.
„Слушајте… не сакам враќање пари. Сакам да го редизајнирате овој мантил за да го направите водоотпорен и експресно да ми го доставите на врвот на Hooker Valley Lake во Нов Зеланд каде што ќе чекам“ – додава Јенсен во своето видео.
@fannypack310 @thenorthface ♬ original sound – Jenn Jensen
Таа го тагирала профилот на The North Face и сосем очекувано – следувал бараж на напади од страна на другите корисници спрема компанијата, која во моментот навидум останала нема по повод случајот.
Одговорот го добивме пред само неколку денови, преку ново видео на TikTok, овој пат објавено од компанијата. Видеото прикажува вработен на The North Face кој зема нова јакна од физичка продавница, се качува во хеликоптер и лета до посочениот планински врв. Таму го пречекува самата Џен Џенсен која јавно се заблагодарува за новата јакна.
@thenorthface Replying to @Timbrodini We were busy express delivering @Jenn ♬ Lisztomania – Instrumental – Phoenix
По објавата на The North Face, Џенсен објавила ново видео на сопствениот профил, објаснувајќи ја ситуацијата. Имено, според неа, брендот веднаш ја контактирал и бил договорен целиот потфат со хеликоптерот. Ѝ била понудена и компензација за целата работа, но таа одбила затоа што „не била инфлуенсер, туку само разочаран потрошувач“.
„Во овој момент, крајниот тест ќе биде дали новата опрема за дожд што ми ја дадоа на врвот на таа планина ќе ги издржи високите очекувања што North Face сега си ги поставија за себе“ – заклучи Џенсен на крајот од видеото.
@fannypack310 Replying to @rzamz @thenorthface ♬ original sound – Jenn Jensen