(РЕГИОН) – Медиумите од соседството кои активно ги третираат темите поврзани со медиа-маркетинг индустријата изминатиов викенд се исполнети со разно-разни препукнувања после објавениот текст на белградски “Информер“ насловен како “TV кражба во БиХ: Наплатувале реклами кои никогаш не биле емитирани!“ на кој одговорија неколку босански портали со текстови во кои ја прикажуваат и другата страна на приказната и информираат дека оваа медиумска “војна“ е “дебело инспирирана“ од една конкурентска компанија.
Разно разните тајфи кои сакаат да режираат нова епизода од аферата за која претходно пишувавме, наречена “Гиблартар“, во која беа уапсени девет лица, воглавно директори на медиски и рекламни агенции кои се поврзани со криминални активности во реализација на маркетинг кампањи за босанскиот мобилен оператор Eronet, ненадомесливо го уриваат кредибилитетот на индустријата и на најдолен можен начин ја водат “пазарната битка“.
Во текстот на “Информер“ се шпекулира дека овластениот ТВ мерач во БиХ во соработка со една мрежа ги лажирале потврдите за емитирани реклами на телевизиите во Босна и Херцеговина и така оштетиле неколку меѓународни компании со повеќе милиони евра. Како што се вели во текстот со дополнителни контроли е утврдено дека дури четвртина од платените реклами никогаш не била ни емитирана.
Луѓето кои добро и мислат на индустријата повикуваат на брза реакција од надлежните органи и брзо расчистување на целата афера бидејќи само така може да се спречи овај скандал да се прелее и да предизвика земјотрес кој само ќе и наштети на целата индустрија во регионот.