(СВЕТ) – После речиси 6 години откако ја лансираа глобалната кампања “Open Happiness“, од Кока-Кола објавија дека започнуваат да работат на својата наредна голема глобална кампања.
За таа цел, од компанијата поканија 10 истакнати клучни агенции кои работат за брендот да бидат дел од питчот на кој ќе се одлучува која кампања ќе ја замени исклучително успешната “Open Happiness“
Селектираните агенции : Wieden+Kennedy од Портланд, Ore.; David; Dentsu; FCB од Јужна Африка; Martin Mercado; McCann од Мадрид; Ogilvy; Santo; Sra Rushmore; и The Cyranos ќе имаат можност да ги презентираат своите идеи за тоа како брендот би се развивал во наредниот период и кој ќе биде наредниот носечки слоган.
“Open Happiness“ која во 2009 беше лансирана од страна на Wieden+Kennedy беше спроведена во над 200 пазари и беше добитнин на еден куп награди вклучувајќи дури 60 кански лава.