Во англојазичната културна сфера постои традиција на оставање чинија со колачиња и чаша млеко на Бадниковата вечер, со цел Дедо Мраз да може да ја надополни својата сила кога се симнува низ домашниот оџак.
Меѓутоа, според новата хумористична кампања на брендот чипсови Frito-Lay за канадскиот пазар, ваквата практика е навистина напорна за Дедо Мраз кој едноставно не може да престигне од толку многу слатки колачиња. Впрочем, како што гледаме во рекламата, тој почнува дури да халуцинира како армија од колачиња го соборуваат на земја.
Од неговиот кошмар го буди крцкањето на чипс, на домаќинот кој што решил да се симне и да грицне нешто на сред ноќ – доаѓајќи лице в лице со добродушниот дедо. Како добар домаќин, овој го нуди Дедо Мраз со чипс, а тој прифаќа и конечно ужива во нешто поразлично – солено, крцкаво и вкусно.
Па, доколку размислувате да оставите нешто за Дедо Мраз овој Бадник, тоа подобро нека биде чипс. :)
Кампањата е создадена во соработка со креативната агенција Rethink.