Брендот за безалкохолни пијалаци Coca-Cola продолжува со своите празнични маркетинг активности, надоградувајќи се на актуелната Божиќна кампања која порачува дека „Светот има потреба од повеќе Дедо Мразовци“.
На две недели пред Божиќ според Грегоријанскиот календар, Coca-Cola го отпочна серијалот на кратки филмови “The Santa Stories” („Дедомразовски приказни“), објавувајќи ги кинематографските остварувања “‘Ho Ho Heist” („Хо Хо Грабеж“) и “The Note” („Пораката“).
Во првиот филм, Дедо Мраз е погрешно приведен од страна на полицијата на Бадниковата вечер. Причината е тоа што се случил грабеж во кој групата на крадци биле маскирани како него. Со цел да го спаси Божиќ за милиони деца ширум светот, еден вистински криминалец мора да му помогне на Дедо Мраз да избега од притвор.
Вториот филм се случува на остров крај брегот на Ирска, каде живее некој стар и намуретен рибар. Неговиот поглед на животот целосно се менува кога ќе добие мистериозна порака во шише.
Филмовите имаат холивудска продукција во која учествуваат дибитничката на оскар Октавија Спенсер (“The Help”, “Hidden Figures”, “The Shape of Water”), режисерот Брајс Далас Хауард (“The Mandalorian”), режисерот и сценарист Стивен Кејпл Џуниор (“Transformers: Rise of the Beasts”), актерот Скут Мекнери (“Argo”, “12 Years a Slave”) и актерот Колм Мини (“Star Trek”).
Серијалот на Coca-Cola се релизира во соработка со агенциите WPP Open X, VML, Imagine Entertainment и продукциската компанија PrettyBird.