Социјалната платформа за кратки видео содржини ТикТок ја лансираше својата нова кампања за британскиот пазар, насловена “It Starts On TikTok” („Започнува на ТикТок“), со која сака да се позиционира како помошно средство со кое корисниците можат да ги продлабочат сопствените интереси.
Во првиот рекламен спот на кампањата, гледачите се запознаваат со приказната на еден маж кој има проблеми со вратот. Благодарение на ТикТок, тој наоѓа различни важби за врат кои можат да му помогнат со неговиот проблем. Но, видео по видео, од вежби за врат, тој се продлабочува сѐ повеќе во светот на фитнесот, поттикнувајќи се себе си да направи значајни промени во животниот стил и да ја подобри својата општа психо-физичка здравствена состојба.
„ТикТок е место за инспирација и откривање нови работи. Секој ден, нашата заедница докажува дека една доза на инспирација може да оди далеку“ – истакнува Хари Вилсон, маркетинг директор на ТикТок за Обединетото Кралство, Ирска и Скандинавија, додавајќи: „Се надеваме дека оваа кампања ќе ги инспирира луѓето да откријат ново хоби, да пронајдат нов рецепт, па дури и да ја претворат својата страст во кариера.“
Кампањата се реализира во соработка со креативната агенција Lucky Generals.