(РЕГИОН) – Овие денови во центарот на Загреб преку ноќ осамнаа уметнички инсталации наизглед обични предмети кои го привлекоа вниманието на граѓаните, а се работи за новата и интересна ПР промоција на Imago Box, агенцијата која работи во склоп на агенцијата Imago и која помеѓу другото се занимава и со брендирање и дизајн на амбалажа.
Imago Box, направи одличен пример на ПР трик кампања и така го привлече вниманието на широката јавност со цел да укаже на значењето на добрата амбалажа.
“Špica špice” е слоганот под кој блескаше розовата кутија на Цветниот плоштад, која неодоливо потсетува на Барби кутијата, само во XXL формат. Многумина ја искористија можноста да фотографираат во неа, и за момент да станат кукли со кои со задоволство си играле во детството.
Исто така, беше поставен светлосен столб познат како “Растерувач на темнината” клупа за парови на Зрињевац “Инсталација – Љубовници”, канта за отпад, столб и простор за паркирање на велосипеди.
„По повод Меѓународниот ден на среќата сакавме да го разубавиме центарот со забавни и провокативни инсталации, со цел да се нагласи потребата за добар дизајн во промовирањето на градот“ – изјави Ивис Буриќ, портпарол на проектот.
„Со цел да се демонстрира моќта на пакувањето, односно да се пренесе пораката дека добро спакуваните производи подобро се забележуваат, ImagoBOX одлучи да се спакуваат секојдневни и незабележителни предмети во градот и да се набљудуваат реакциите на луѓето. Спакувавме улични светилки, клупа во паркот, место во центарот на Загреб, столб, простор за паркирање велосипеди и корпа за отпадоци. Интересно беше да се види како луѓето кои најмалку стотина пати во животот поминале покрај тие предмети без да обрнат внимание, денес застануваат, ги вадат мобилните телефони и фотографираат. Тоа е таа разлика, која ја прави добарта амбалажа“ – изјави Игор Младеновиќ, главен креативен директор на Imago рекламната агенција.
„Креативците секогаш фантазираат за тоа како би изгледале амбалажите со потполна креативна слобода. Проекти во кои нема да има ограничувања, повратни информации и во кои се било онака, како што тие сметаат дека е најдобро. Всушност таа желба Imago им ја исполни на своите креативци со нов self-promo проект, во кој brief-от беше многу краток: Осмислите дизајн на пакување за објекти од нашата средина, кои инаку не ги забележуваме и направете ги забележителни“, изјави Дарко Боснар, уметнички директор на Imago рекламната агенција.
„Голем број на амбалажи и брендови излегоа од нашата агенција, време е да направиме бренд од нашите услуги и промоција каква што заслужува“ – додаде Деан Враниќ, иницијатор на Imago box.
Со успешната кампања и ПР комуникација: „Добро спакуваното е подобро забележано“, вработените во Imago ги разубавиле секојдневните предмети во самиот центар и му дадоа на Градот да размислува за трајните инсталации за привлекување на туристи.
Извор: PRGLAS