Деновиве во Лерин е отворена изложба на уметнички слики создадени како дел од креативната колонија ArtVar 2023, реализирана во соработка помеѓу Здружението на традиционални танци „Лингистес“ од Лерин и Друштвото на ликовни уметници од Битола.
Тема на изложбата се традиционалните носии од пределите на Баба Планина, а целта на иницијативата е зајакнување на меѓусебната соработка и промоција на регионот и на неговиот посебен етнички карактер.
Од Македонија свое учество зедоа шестмина ликовни уметници – Вангел Крстиновски, Николче Српчански, Буба Мешкова Солак, Филип Јовески, Валентина Илијевска и Перо Кованцалиев.
Кон крајот на јануари изложбата ќе биде поставена и во Битола, а една изложба ќе биде поставена и во Преспа – каде што се одржуваше колонијата.
Прочитајте повеќе на Umno.mk.