Богатата палета на Млекара Здравје Радово деновиве е збогатена со нов производ – млечен десерт Сутлијаш. Новиот производ е подготвен по стар проверен и традиционален рецепт, но со нова, модерна технологија која на сутлијашот му дава оригинален вкус.
Сутлијашот до корисниците доаѓа во атрактивно пакување од 150 грама, кое ја задржува свежината, вкусот и хранливата вредност на состојките.
Традицијата на домашна подготовка на овој стар рецепт, сега е надополнет со модерна технологија, но и секогаш свежо млеко кое се користи само при подготовка на овој производ. Како што велат од компанијата, технологијата на подготовка на сутлијашот овозможува зачувување на сите хранливи состојки кои ги има само свежото млеко во комбинација со домашен ориз.