Кога ќе седнат на маса неколку различни луѓе, максимумот кој може да се случи е истите меѓусебно да споделат различни видувања и идеи и разговорот би завршил за кратко. Но, кога на иста маса ќе седнат неколкумина со силна пасија кон различни работи тогаш разговорот не само што нема да заврши за кратко, туку ќе вроди со силна желба да го спои неспоивото и навидум обичниот разговор ќе го материјалира во дело кое ќе остане да инспирира генерации и генерации луѓе кои ќе умеат да ја препознаат важноста да гледаме со страст и љубов кон работите кои ни значат.
Така отприлика се создаде винилот „Крај Вардарот сесии во Аудиокултура“, како резултат на искреното партнерство помеѓу „Божиновски часовници и накит“, Аудиокултура, ПМГ Рекордингс и Теохаров аудио, со која се заокружи една прекрасна музичка приказна преку која се презентираше неограничената можност на музиката за обединување и креативно творење.
„Среќни сме што една случајна средба помеѓу „Божиновски часовници и накит“ и „Теохаров аудио“ не само што не остана на првото пријателско кафе, туку создаде една целогодишна приказна која денес е заокружена со Винил издание, на кое сме особено горди. Затоа што како часовничарска компанија наша обврска не е само да продаваме часовници, туку и имаме остро око и слух за луѓето и местата кои знаат како времето да го претворат во магија. Винилот „Крај Вардарот сесии“ во таа смисла можеби не е часовник кој што го покажува времето, но на некој начин сепак е еден вид на временска капсула, во која е зачувана неповторливата размена на емоци и љубов помеѓу публиката и музичарите кои заеднички го креираа овој проект“ – изјавија од „Божиновски часовници и накит“
Од часовничарската компанија потенцираат дека како и до сега ќе продолжат да ги поддржуваат сите проекти во кои ќе препознаат љубов, пасија и посветеност, затоа што само така ќе успееме да дадеме боја на сивилото, само така ќе проработат вистинските механизми и на површина ќе излезе креативноста која за жал иако маргинализирана во нашата земја ја имаме во огромни количини.