Секоја година, добрите момчиња и девојчиња го чекаат да им дојде на гости веселиот и добродушен белобрад дедо, кој летајќи со санка им спушта подароци по домашниот оџак. Звучи добро, нели? Епа делумно… според Меѓународниот аеродром во Рига, Латвија.
Во нивниот овогодишен Божиќен спот, снимен во стил на документарен филм, вработените на аеродромот во Рига ја откриваат вистината за Дедо Мраз. Според нив, апсолутно е невозможно тој да слета на покрив со својата санка, ниту пак да се протне низ оџак. Туку, како што кажуваат тие, Дедо Мраз го користи нивниот аеродром за да ја исполни својата задача.
Во продолжение, работници од разните служби од аеродромот ги објаснувата посебните аранжмани и неопходните процедури кои ги преземаат кога пристигнува Дедо Мраз, како да се работи за апсолутен веродостоен факт. Тие се децидни дека остануваат доследни на предвидените протоколи, без разлика за колку позната личност и да се работи.
Кампањата е создадена во соработка со креативната агенција MAGIC и продукциската куќа PLAY.