Американскиот ланец на теретани и фитнес центри Planet Fitness ја ангажираше популарната раперка и добитничка на Греми, Меган Ди Стелион, да биде заштитно лице на нивната нова кампања.
Во оваа кампања, Меган отелотворува жесток лик познат како „Мајка на Фитнесот“ – божеска фигура која се бори против токсичните инструктори, високите членарини и лажните фитнес инфлуенсери. Таа ја искористува својата натприродна моќ за да создаде „фитнес зона без осудување“, достапна за сите. Во случајов, тоа би биле центрите на Planet Fitness.
„Вежбањето е толку важен дел од мојата рутина, така што ова партнерство со Planet Fitness навистина ги отелотворува моите лични вредности. Сакаме да ги охрабриме сите луѓе да му дадат приоритет на своето физичко и ментално здравје во текот на Новата година, за да можат да достигнат нови височини во 2024 година и да продолжат да се развиваат во најдобрата верзија од себе“ – изјави Меган Ди Стелион, по повод нејзиното учество во кампањата.
Партнерството помеѓу фитнес брендот и раперката ќе вклучува концерт, дигитални филтри со проширена реалност, курирани фитнес програми во мобилната апликација на брендот, како и брендирана облека и опрема за фитнес. Приходите од оваа последната ставка ќе бидат донирани на непрофитната организација Pete & Thomas Foundation, чија цел е поддршка на образованието, домувањето и здравјето на социјално ранливите граѓани во нејзиниот роден град Хјустон во Тексас, но и пошироко.
Кампањата се реализира во партнерство со креативната агенција Barkley и режисерот познат како Calmatic.