Во интервју за словенечкиот Marketing magazin, Г-дин Срѓан Шапер, основач на I&F McCann Grupa, зборува за својата музичка и уметничка кариера, влезот во светот на адвертајзингот, развојот на бизнисот и преговорите за интеграција со агенцијата McCann Zagreb, луѓето со кои работи, како и за Белград – како нов “hub” за регионален бизнис.
1.Многу луѓе во агенцискиот бизнис доаѓаат од уметноста, медиумите, биле креативци….Кага тоа ќе им успее, мораат наместо хоби, да се занимаваат со работа, раководење со компанија, луѓе…Како е тоа кај Вас?
Тоа за мене не е никаков проблем. Сметам дека еден дел од мојата среќа е и во тоа да верувам дека сум човек со повеќе таленти, на музичко, ликовно, јазично подрачје….а суштината на сите овие таленти е во тоа да верувам дека сум способен да работам во екипа, во тим. Уште кога бев музичар, режисер, мојот начин на сфаќање на работите не бил самотија и тишина, туку заедничка работа. Освем, можеби при пишувањето на поезија, што го работам и ден денеска, само за себе. А работата во агенција е исклучително тимска работа. За мене е исклучително важна реакцијата на луѓет со кои работам. И обратно, за вработените е многу важна мојата оценка на нивната работа.
2.Меѓународните мрежи на локалните пазари имаат се повеќе локални нарачатели. Во Љубљана тоа е дури до 80%. Како е кај Вас?
Слично. Надостаток на Србија можеби е помалиот број на локални компании и локални, домашни, брендови. Во овој поглед Словенија ми изгледа по-присутна во Србија отколку обратно. А во споредба со времето од пред десет години, точно е дека 80% а можеби и 90% од нарачките и новите договори ги добиваме преку локални питчеви, каде покрај know-how-от битно е и длабинското познавање на локалните потрошувачи. И клиентите на McCann, кои до нас доаѓаат преку мрежата, ја проверуваат локалната ситуација и потоа одлучуваат дали да соработуваат со нас или не. Во овој поглед и договорите на меѓународните агенции со најголемите клиенти во текот на последните години се променија: договорите се склучуваат за 15-20 најголеми светски пазари или држаи, а на другите пазари, самата припадност во мрежата значи дека сте во игра, но заедно со 3-4 други агенции. Дали клиентите во некоја држава навистина ќе работат со Вас зависи од Вашиот квалитет, знаење, цени итн..
Тоа на некој начин не е лошо, бидејќи постојано треба да бидете фокусирани и да се грижите з квалитетот на агенцијата.
Се појавуваат и се повеќе регионални клиенти, кои ги сервисираме во сите држави каде имаме агенции. Денеска меѓународната мрежа е важна пред се поради знаењето и довербата, која со своето име гарантира да имате најдобро меѓународно знаење кое го применувате на локално ниво во креирањето на кампањи или создавање на нови услуги.
3.Белград, заради големината на градот и државата е се поинтересен?
Добар актуелен пример е Air Serbia, бивши JAT, кој после преземањето од страна на Etihad, многу вложува во регионалното порзување, што е добро за сите држави и секако за Белград, бидејќи преку ова поврзување може да стане град кој е на некој начин “hub“за работа во регионот. Центар на “регионот“ некогаш беше Виена, исто така и Љубљана пред 15 години, бидејќи бевте најразвиени и странците таму се осеќаа бизнис најудобно и најсигурно. Со стабилизирањето на ситуацијата, улогата на Белград станува се по рационален избор.
4.Kако се спремате на конкурси, питчеви? Во што сте добри?
Од светската криза па натаму, работите доста се променија. Цените на услугите станаа навистина важни. Многу пати се случува да клиентите ни кажат: “Би сакале да работиме со вас, но вашата конкуренција понуди многу пониски цени. Дали вие би работеле за истите пари?“. Често велиме: Да! Бидејќи сакаме да влеземе во игра, бидејќи веруваме дека на основа на соработката со нас ќе сфатат дека сме добри партнери и дека ќе можеме да работиме повеќе проекти. И големи и мали работи. Мали проекти, сработени во краток рок, некогаш и во текот на ноќта, кои не носат пари, се исклучително важни за зачувување на долгогодишната соработка со клиентите. Се трудиме доста и сами инвестираме средства за нашите партнери да направиме голем број на про-боно проекти. Се огледуваме на светските компании, кои се подобро платени од нашата професија, и тоа го правиме затоа што со клиентите воспоставуваме подруг однос, тежнееме кон тоа да станеме долгорочни бизнис партнери. На пример, заради тоа сега имаме 5 луѓе кои се специјализирани на подрачјето за стратешки услуги и доста добро го разбираат самиот бизнис воопшто. Мислам дека имаме многу потенцијали на подрачјето на стратешкото планирање да им помогнемо на клиентите, и тоа клиентите се повеќе го разбираат и го ценат. Сето тоа ја унапредува ситуацијата.
Огласувачите сега не прават питчеви заради намалување на цената. А и самите им советуваме дека покрај годишните питчеви воведат и редовен годишен аудит, преглед на сработеното, преглед на цените при медискиот закуп и слично.
Кај нас не постои здружение на агениите, па затоа и немаме до крај дефинирани индустриски препораки во врска со изведувањето на конкурсите.
5.Важите соработници за Вас се исклучително важни. Гледам дека имате многу директорки..
И директори. Во овој бизнис има повеќе жени отколку мажи, кај нас односот е 64:36 во корист на жените, што го оценувам како добар. Веројатно и во Европа немаат толку добар однос во корист на жените, што значи да сме малку пред нив.
6.Како ги наоѓате вработените? Кои квалитети Ви се важни?
Како и во секое мало или средно-големо претпријатие, проблемот настанува кога компанијата ги надрастува рамките на фамилијарна фирма, кога се вработуваат повеќе од 30 или 40 луѓе. Раководителите често не се свесни кога тоа ќе се случи и мислат дека можат и понатаму со вработените да комуницираат за визијата, иднината и задачите на лично ниво. Дури кога во лифтовите ќе почнат да среќаваат луѓе за кои знаат дека се запослени кај нив, а не знаат што во компанијата работат, сфаќаат дека е потребно да го променат начинот на раководење.
И јас самиот во текот на годините, “лутав“ многу пред да го сватам тоа, а нарочито бидејќи за раководењето и бизнисот учев низ праксата и на сопствените грешки. Сега имаме HR служба која одлично си ја извршува својата работа. Луѓето кои работат во агенциите, обично соработуваат со мене подолг период. Растат со развојот на компанијата, така што на оние што допрва почнуваат да работат им даваат одличен пример дека се работи за агенција во која е можно да се напредува, а за тоа зборува и тоа што на пример секогаш за важните функции сум избирал “наши“ луѓе. А луѓето мораат да бидат одлични, храбри, и не смеат да се плашат да донесуваат одлуки.
Лично, поради мојата музичка историја и јавно појавување, станав самосвесен, во смисла дека пред соработниците не се трудам да бидам најпаметен. За мене е пофалба дека можам на јавноста и клиентите да им кажам дека моите соработници се поголеми стручњаци од мене за определени подрачја. И тоа е така. Со 56 години можам да кажам дека никогаш не сум планирал кариера во маркетингот, туку во комуникациите се најдов по игра на случајноста.
7.Добивате многу награди за креативност. Колку тоа е важно за Вашите бизнис партнери?
Морам да кажам дека денеска на креативното поле за конкурсите се спремамо послабо отколку пред десет години. Тогаш имаше помалку питчеви и затоа тоа беа вистински мали театарски претстави, со многу енергија, страст итн. Прошлата година учествувавме на преку 70 конкурси за планирање и закуп на медиуми во регионот. Кај таквите бројки почнуваш да ги разгледуваш работите од статистичко ниво, колкав процент од натпреварувањата сме добиле и дали сме подобри од минатата година или од конкуренцијата, но нас тоа не ни е доволно.
Мислам дека ние, а и другите агенции, можеме да направиме повеќе на полето на креативните припреми за конкурсите, бидејќи овие денешните не се полни со страст како некогаш. Бизнис опкружувањето не дозволува секогаш да ја поставиме креативноста на првото место во индустријата. Без обзир на тоа дека наградите се важни, за огласувачите поважна е информацијата: “Хеј, таа и таа реклама на телевизија е наша…., уствари сите пет кои ги пуштија во тој рекламен блок ги креиравме ние“, тоа е информацијата која клиентите сакаат да ја чујат и која добро ја разбираат.
Наградената кампања “Драма во такси“, не е фестивалска, но навистина е нешто што на сите во Србија и поширокиот регион многу им се допадна.
8.Каде сте најуспешни?
Таму каде што тргнавме најпрво. Во Македонија и во Србија. Исто тка и во Црна Гора, каде сме агенција број еден. Во Албанија сме меѓу првите пет, слично и во Бугарја. Во Словенија сме мали, имаме мала медиска агенција. Добри сме и во Босна и Херцеговина, а исто така преговараме и за интеграција на агенцијата McCann од Хрватска. Претставуваме систем кој е еден од ретките кои има јасен менаџмент и организациска структура од Бугарија до Словенија.
9.Каде уште можете да се ширите?
Хм… надвор од овие простори. Интересна би била Виена. Многу клиенти кои работат на овие простори имаат свои централи баш таму.
Целото интервју можете да го прочитате во принт изданието на Маркетинг Магазин.http://www.marketingmagazin.si/novice/mmarketing/11618/izsel-je-novi-mm