GroupM се здружува со Disney, YouTube, Roku и NBCUniversal за стандардизирање на рекламите кои се емитуваат на стриминг платформите
Медиумската инвестициска групација на WPP, GroupM, го соопшти иницирањето на Акцелератор за инвоации во огласувањето (Ad Innovation Accelerator) – прва програма од ваков тип на пазарот, чија цел е да го редефинира односот помеѓу огласувачите и публиката.
Своето учество во овоја акцелератор веќе го потврдија медиумските компании BrightLine, Disney, KERV, NBCUniversal, Roku, Telly и YouTube. Со заедничка визија, оваа работната група ќе подготви стратегии и ќе создаде скалабилни огласувачки формати кои ќе бидат стандардизирани на повеќе стриминг платформи поддржани од реклами, како што се Peacock, Telly, The Roku Channel и YouTube, меѓу останатите.
Предводени од инвестицискиот тим на GroupM, учесниците во Акцелератор за иновации во огласувањето ќе се стремат да го развијат традиционалниот рекламен спот од 30 секунди, и тоа преку интегрирање на напредни дигитални технологии кои ќе ги подобрат односот помеѓу брендовите и гледачите и ќе доведат до мерливи резултати за огласувачите кои што негуваат партнерски однос со GroupM.
„Мораме да создадеме иднина за нашата индустрија во која што ангажманот, иновациите и резултатите се спојуваат. Додека ја обликуваме следната ера на медиуми каде што огласувањето ќе функционира подобро за луѓето, од клучно значење е да продолжиме да иновираме нови рекламни искуства со нашите партнери ширум светот за да се осигураме дека брендовите ќе ги пресретнат гледачите онаму каде што се. Со појавата на повеќе [стриминг] опции поддржани од реклами, огласувачите мора да ги почитуваат преференциите на публиката и да користат најсовремена технологија за да испорачаат поперсонализирана содржина“ – објаснува Ендрју Миден, глобален директор за инвестиции во GroupM.
Најавената програма првично ќе се имплементира во Северна Америка за клиентите на GroupM и сестринските агенции Mindshare, Wavemaker и EssenceMediacom, а потоа ќе се прошири и на други светски пазари во текот на 2024 година.
GroupM е отворена за соработка со разни заинтересирани партнери, кои што можат да го изразат својот интерес за учество во програмата преку електронската адреса: adinnovationaccelerator@groupm.com. Дополнителните учесници во Акцелераторот за иновации во огласувањето на GroupM ќе бидат објавени подоцна во годината.