Францускиот конгломерат на луксузни брендови LVMH го именуваше Фредерик Арно за нов генерален извршен директор на одделот за часовници – LVMH Watches, во кој влегуваат познатите брендови TAG Heuer, Zenith и Hublot.
Фредерик Арно се приклучил на TAG Heuer во 2017 година, а потоа станал извршен директор на брендот во 2020 година. Откако успешно учествувал и ја предводел трансформацијата и развојот на TAG Heuer во изминатите 6 години, неговата нова улога во Одделот за часовници и накит на LVMH треба да обезбеди силен и одржлив раст за сите часовничарски брендови под капата на француската групација, зајакнувајќи го уделот на LVMH во индустријата за производство на часовници. Во својата нова улога, Арно ќе одговара пред Стефан Бјанки, генерален извршен директор на Одделот за часовници и накит – LVMH Watches & Jewelry.
На местото генерален извршен директор на TAG Heuer, Фредерик Арно ќе биде наследен од Џулиен Торнаре – досегашен извршен директор на брендот Zenith. Долгогодишното искуство на Торнаре во групацијата и воопшто во часовничарската индустрија ќе бидат клучни за продолжување на тековниот развој на Tag Heuer, со цел максимизирање на вредноста на неговите иконични колекции на часовници.