Со иницијатива „Еден бренд“, Групацијата Aleph, како глобален екосистем на локални дигитални експерти, ги обедини сите свои брендови, вклучувајќи го и Httpool Hrvatska, под матичното име Aleph.
Експертизата на Aleph поврзува илјадници огласувачи со милијарди потрошувачи ширум светот, создавајќи пазари за раст на локалните бизниси преку дигитално огласување. Повеќекратните, претежно регионални брендови на Групацијата, вклучувајќи ги Httpool, IMS Internet Media Services, Ad Dynamo и Connect Ads, претставуваат избрани партнери за огласувачка технологија на водечките светски платформи, огласувачи и агенции. Преку чинот на обединување, Aleph станува помоќен, единствен систем за проширување на пазарот кој овозможува поразновидна понуда на услуги и поголеми глобални можности за раст и развој на клиентите.
Оваа промена ќе овозможи поголема соработка и размена на знаења, подобрување на професионалиот развој и зголемување на можностите со кои клиентите од Хрватска ќа имаат пристап до целосен пакет на услуги. На овој начин, Aleph ќе ја зајакне својата позиција во Хрватска, ќе овозможи проширување во регионот и ќе обезбеди уште поквалитетна професионална локална поддршка.
„Со отворањето на ново возбудливо поглавје на нашата компанија под брендот Aleph, ги обединивме нашите локални експерти и нашата сопствена технологија. Глобалната експертиза на Aleph ќе овозможи испорака на максимална вредност за нашите партнери, огласувачи, агенции и мали и средни претпријатија во Хрватска, со брза и континуирана локална поддршка, истовремено помагајќи им да растат“ – истакнува Иванка Мабиќ Гагиќ, извршна директорка на Httpool by Aleph Hrvatska, додавајќи дека сите договори со клиентите и секојдневната комуникација остануваат исти како и досега, а се одвиваат преку компанијата Noovo internet d.o.o.
Од 2021 година, Групацијата Aleph се прошири од 90 на 150 пазари ширум светот, опфаќајќи пет континенти, и соработува со повеќе од 45 партнери во светот со својот посветен тим на дигитални експерти. Од минатата година, со поддршката на Httpool by Aleph, хрватските огласувачи можат да се огласуваат преку една од најпопуларните платформи за пребарување – Microsoft и преку најголемата платформа за е-трговија во светот – Amazon, како и да таргетираат публика на глобалниот пазар преку Pinterest, нудејќи им уникатни огласувачки решенија за оваа платформа и стручни насоки во текот на целиот процес.
Покрај својата основна понуда на огласувачка технологија, во последните неколку месеци Aleph се прошири со лансирањето на нови услуги – Aleph Payments и Aleph Express. Надоврзувајќи се на речиси дведецениското искуство на Aleph во управувањето со прекугранични кредити и плаќања за своите партнери, Aleph Payments обезбедува самостојни решенија за кредитирање и гаранција за плаќања за бизнисите. Aleph Payments ги поедноставува финансиските сложености како KYC, локалните плаќања, наплатата, девизните размени, даночните порамнувања и прекуграничните плаќања, дозволувајќи им на компаниите да се фокусираат на нивните основни деловни операции. Aleph Payments моментално управува со прекугранични кредити и плаќања во вредност од над 2 милијарди долари.
Комерцијалната стратегија на Aleph е поддржана и од Digital Ad Expert, бесплатна онлајн платформа за едукација во сферата на дигиталното огласување. Дизајниран од глобални експерти за дигитално огласување, Digital Ad Expert има речиси 600.000 активни корисници и има сертифицирано повеќе од 75.000 учесници од над 140 земји со кратки курсеви, а на повеќе од 10.000 од нив им доделил целосен сертификат за дигитално огласување. Во согласност со својот план да сертифицира 100.000 експерти од целиот свет, Digital Ad Expert неодамна се приклучи на Глобалната образовна коалиција на УНЕСКО, која има за цел да обучи 10 милиони луѓе до 2029 година.
„Нашата визија за иницијативата „Еден бренд“ оди подалеку од обединување на визуелниот идентитет“, додава Иванка Мабиќ Гагиќ. „Станува збор за прифаќање на иновациите, поттикнување на професионалниот развој и забрзување на економскиот раст на пазарите каде што работиме. Со опремување на илјадници професионалци во дигиталните медиуми со вештините што им се потребни за да успеат, ние не само што ја обликуваме иднината на дигиталното огласување, туку и иднината на регионалните економии и обезбедуваме достоинство преку образование – единствената валута чија вредност никогаш не опаѓа“.