Брендот за безалкохолни пијалаци Pepsi лансираше нова кампања за американскиот пазар насловена “Get Wild” („Станете диви“), со цел промоција на нивниот газиран пијалак со вкус на дива цреша.
Идејата на кампањата е да го рефлектира универзалното искуство на милениумската генерација во прифаќањето на предизвиците на зрелоста, без целосно да се загуби чувството на разиграна младост.
Со таа идеја се создадени два телевизиски спотови, кои примарно се однесуваат на родителството и одговорностите кои што ги носи. Во првата реклама гледаме млада мајка која го заспива своето бебе со пеење и играње на рап песна. Во вториот спот, еден млад татко ја ослободува целата своја навивачка жестина во пресрет на спортски натпревар на неговиот малечок син.
„Како милениумец, од прва рака знам како е да се чувствувате носталгично за нашите помлади, послободни денови – и знам дека ние сме исто така добри во тоа да станеме малку „диви“. Затоа ми се допаѓа како нашата нова кампања „Get Wild“ покажува дека една слатка, вкусна голтка Пепси со дива цреша може да нѐ инспирира да внесеме дел од тоа „диво“ чувство во нашата нова реалност“ – истакнува Џени Данзи, виша маркетинг директорка во Pepsi.
Рекламите се режирани од страна на младата кинематографка и комичарка Кејт Холовел од продукциското студио Epoch Films.