Вториот најголем производител на алкохолни пијалаци во светот, француската групација Pernod Ricard, започна ревизија на своето медиско портфолио на европскиот пазар.
Вредноста на медиските инвестиции на Pernod Ricard во Европа се проценуваат на околу 100 милиони евра. Меѓутоа, брендовите на Pernod Ricard моментално работат со повеќе агенции, а целта на новата ревизија е консолидација нивното портфолио. Па така, избраната агенција ќе работи на 15 европски пазари, вклучувајќи ги Велика Британија, Франција, Германија и Шпанија.
Процесот ќе се одвива со поддршка на консултантската компанија ID Comms.
На полето на креативноста, Pernod Ricard на европскиот пазар има соработувано со агенциите Virtue Worldwide, Crispin Porter Bogusky, Droga5 London, Buzzman и M&C Saatchi, меѓу останатите.