Швајцарскиот производител на луксузни часовници TAG Heuer со гордост соопшти дека кинескиот пливач Чин Хајанг ќе биде најновиот спортски амбасадор на брендот.
Роден во 1999 година, Чин Хајанг се искачи меѓу ѕвездите во светот на пливањето во 2023 година, освојувајќи златен медал на Светското првенство во пливање во трките на 50 метри, 100 метри и 200 метри, со што воедно ја доби и титулата Светски спортист на годината во водни спортови и пливање.
Неговиот бестрашен однос кон предизвиците и посветеноста на секоја секунда ги рефлектираат вредностите што TAG Heuer ги негува и промовира уште од 1860 година.
Партнерството со TAG Heuer треба да ги сведочи уште пославните моменти што го очекуваат Хајанг во неговата претстојна пливачка кариера, заеднички пренесувајќи го пионерскиот дух на себе-подобрувањето и предизвикувањето на границите.
Официјални застапници за производите на TAG Heuer во Македонија се „Божиновски часовници и накит“.