Француската маркетинг групација Publicis соопшти дека ќе инвестира 300 милиони евра во развој на вештачката интелигенција во следните три години, како дел од нивниот нов план да станат „првиот интелигентен систем во индустријата напојуван од вештачката интелигенција“.
Во пресерет на објавувањето на годишните финансиски резултати, компанијата најави дека ќе инвестира 100 милиони евра само во 2024 година, целосно финансирани од нивната „внатрешна ефикасност“ и без какво било „разводнувачко влијание“ врз оперативната работа.
Групацијата исто така откри дека нејзиниот органски раст во 2023 година изнесувал 6,3%, надминувајќи го проценките за раст од 5,5% до 6% споделени во октомври.
„Во однос на стратегијата, за нас беше важно да му покажеме на финансискиот пазар дека стартуваме од позиција на моќ“ – истакна извршниот директор Артур Садун на прес-конференција.
Од Publicis објаснија дека планираат дополнително да ја интегрираат вештачката интелигенција во нивниот сегашен модел на работа, поврзувајќи го секој поединец во компанијата со ентитет наречен „CoreAI“. Развојот на оваа платформа отпочнал во втората половина на 2023 година, а имплементација ќе стартува во првата половина на 2024 година.
Половина од инвестициите во 2024 година ќе бидат насочени кон усовршување и обука на вработените, како и на регрутирање нови луѓе, додека пак другата половина ќе оди за технологија, лиценци, софтвер и „клауд“ инфраструктура.