Алекс Партриџ стои позади некои од најголемите вирални медиумски сензации – UNILAD, LADbible и ADHD Chatter – и доаѓа на Денови на комуникациите во Ровињ, од 11 до 14 април, за да ни ги открие тајните на неговиот успех на социјалните мрежи!
Што е заедничко за Стив Џобс, Марк Зукерберг и Алекс Партриџ? Сите тројца го напуштија факултетот. Но, и сите тројца постигнаа неверојатен успех и го отворија патот за новите генерации, секој во своето дигитално опкружување. Алекс Партриџ, основачот на некои од првите вирални страници на Фејсбук, е еден од првите кои сфатија колку навистина влијателни можат да бидат социјалните медиуми. Токму тој ќе се приклучи на неверојатната постава на фестивалот Денови на комуникациите, кој оваа година повторно ќе се одржи во Ровињ од 11 до 14 април.
Достигнувајќи повеќе од милијарда луѓе ширум светот, приказната за UNILAD и LADbible е навидум едноставна – сите тие се добро познати дигитални феномени кои покриваат широк спектар на жешки теми од поп-културата со познати гости како Киану Ривс и Том Холанд. Иако специјалност на платформите се виралните видеа и мемиња, UNILAD и LADbible на Партриџ често биле меѓу двигателите на социјалните иницијативи и кампањите за подигање на свеста за важни прашања во заедницата, покажувајќи ја вистинската моќ што може да дојде од потенцијалот на социјалните мрежи.
Иако Алекс Партриџ брзо ги претвори овие платформи, кои денес имаат комбиниран број на повеќе од 120 милиони следбеници, во профитабилен бизнис, во позадина на неговиот потфат стоеле бројни предизвици – егзистенцијални кризи предизвикани од огромниот успех на рана возраст, и на крајот судски спор околу сопственоста со инвеститорите. Но, овој генијалец за Фејсбук, како што често го нарекуваат медиумите, успешно ги надмина сите пречки и напуштајќи го брендот „LAD“, продолжи да иновира во брзорастечкиот дигитален пејзаж, меѓу другото и со подкастот ADHD Chatter. „Моментот кога престанав да се обидувам да бидам „нормален“ е и моментот кога почнав да блескам“ – вели Партриџ, чија способност да го почувствува пулсот на интернет културата и да создава привлечна содржина продолжува да резонира со милиони ширум светот.
Факт е дека интернетот денес не е оној истиот интернет што го знаевме во 2012 година, во златната ера на Фејсбук, но ако некој знае како да го привлече вниманието на социјалните мрежи во 2024 година, тоа е дефинитивно тој, па доаѓа на DK2024 со предавањето „Unleash Your Social Media Superpowers: Captivate, Convert, and Conquer!“. Конкуренцијата на feed-от е жестока – и станува сè пожестока, а овој експерт има докажани стратегии кои ќе го привлечат вниманието и ќе изградат лојална онлајн заедница.
На главната сцена на фестивалот, Партриџ ќе му се придружи на Ден Арили, светски познатиот бихејвиорален економист, психолог и научник кој се занимава со човековото однесување; потоа Јуџин Чеонг, креативен бунтовник од Азија со повеќе од илјада награди за својата работа; како и голем број други светски експерти. Овој типично-нетипичен фестивал ќе продолжи да ги освојува срцата на сите оние кои се желни за критичко размислување, нови пристапи и иновативни технологии. Познати по поставувањето неконвенционални прашања и потрагата по необични одговори, Денови на комуникациите секоја година нудат неповторливи искуства и ја собираат најдрагата заедница на луѓе во областа на пазарните комуникации.
Сите креативци, маркетери, дигиталци, медиуми и други комуникатори кои сакаат оваа година да бидат во друштво на регионалните и светските лидери на пазарот, можат да ги најдат сите информации за учество на официјалната веб-страница www.danikomunikacija.com.