Американската мултинационална компанија за информатички технологии HP одлучи да ја продолжи соработката на глобално ниво со медиската агенција PHD, дел од групацијата на Omnicom – пренесува адвертајзинг магазинот Campaign.
Агенцијата ќе продолжи да работи на стратегијата за традиционални медиуми, планирањето и закупот на медиумски простор за HP на глобално ниво. Истовремено, HP има силен внатрешен медиски тим кој ќе управува со закупот на простор во сферата на дигиталните медиуми.
Според одредени проценки, HP во 2023 година инвестирале околу 194 милиони долари за закуп на медиумски простор на глобално ниво, при што мнозинството од тие инвестиции биле вложени во дигитални комуникациски канали.
Одлуката за продолжување на соработката со PHD била донесена по тримесечна ревизија, а партнерството помеѓу двете компании започнало во 2017 година.