По повод најзначајниот телевизиски настан на американскиот пазар, натпреварот Супер Боул, сервисот за достава на храна Uber Eats ја претстави новата реклама насловена “Don’t Forget Uber Eats” („Не го заборавајте Uber Eats“).
Во рекламата се појавуваат повеќе познати личности како Дејвид и Викторија Бекам, актерите Џенифер Анистон и Дејвид Швимер, музичарите Ашер и Џели Рол, кои забораваат работи што никогаш не би требало да ги заборават – со кого биле во иста музичка група, со кого глумеле во позната телевизиска серија, дека имаат тетоважи на лицето, дека треба да настапуваат на Супер Боул…
„Што и да заборавите, немојте да заборавите дека Uber Eats носи намирници, носи алкохол, носи цвеќиња, носи сè“ – вели текстот што го придружува објавениот спот.
Кампањата се реализира во соработка со креативната агенција Special US.