За време на синоќешното одигрување на финалето во американската фудбалска лига Super Bowl, американскиот телекомуникациски провајдер Verizon ја емитуваше својата нова реклама “Can’t B Broken” („Не може да биде скршен“) со мега-популарната Бијонсе во главната улога.
Во хумористичната реклама, американската поп-ѕвезда изведува разни неверојатно потфати во различни области на културата, технологијата и општествениот живот, но и покрај сите нејзини обиди да го „скрши“ интернетот, таа никако не успева да ја „падне“ мрежата на Verizon.
Фановите на Бијонсе исто така забележаа дека во спотот се навестува и нова музика од нивната омилена пејачка, што таа го потврди по емитувањето на рекламата.