(РЕГИОН) – Во декември 2014 година programmatic проектот “Project Agora“ на компанијата TailWind за прв пат стапна на пазарите во Грција и Романија.
Project Agora во својата платформа вклучува 18 медиа компании во Грција (со 43 вебсајтови) и 8 медиа компании со 81 вебсајт во Романија.
Платформата во моментов нуди таргетирање по 14 различни демографски сегмени вклучувајќи и “бизнис патници“, “млади родители“ и “урбани хипстери“.
Иако платформата е во самиот зачеток, резултатите засега се импресивни.
Во првите 60 дена биле монетаризирани 36 милиони импресии во Грција и 21 милион импресии во Романија, со eCPM од 0,61 евра.
За време на ланч периодот, CTR стапката во просек била 0,23% во Грција и просечни 62% видливост на огласнувачките пораки (споредено со 45% колку што е просекот во државата)
Некои од првите огласувачи преку платформата се и : Air France, Vodafone, Emirates, BMW, Mondelez и Skoda.
Project Agora се гледа како директна алтернатива на Google Display Network која доминира на овие пазари со огромно учество (70% во Грција и 60% во Романија) во целиот дигитален пазар.
Повеќе информации за платформата Project Agora можете да прочитате на : http://www.projectagora.com/