Многу луѓе би помислиле дека Денот на вљубените не е најсоодветниот датум за раскинување на романтична врска која едноставно – повеќе не „оди“. Меѓутоа, истражување на YouGov покажало дека 45% од луѓето се согласуваат дека е подобро да се раскине непосредно пред самиот празник. Дури постои и феномен наречен „Црвен вторник“, означувајќи го вторникот пред Денот на вљубените, на кој ден во годината луѓето најчесто раскинуваат.
Имајќи го на ум таквото сознание, американскиот ланец на пицерии Pizza Hut ја претстави својата „Пица за збогување“, која ќе се продава во ограничени количини за Денот на вљубените во градовите Њујорк, Чикаго и Мајами.
Се работи за крцкава пица со маринара сос, топено сирење и кулен, а сето тоа прелиено со лут мед (чија лутина ја добива од чили пиперчиња). Оваа слатко-лута креација ќе се испорачува во посебна кутија, со простор за персонализирано проштално писмо.
„Со лансирањето на Пиците за збогување, го внесуваме тој совршен спој на слатко и луто искуство во реалниот живот, доставувајќи ги лутите вести на најсладок начин за Денот на вљубените“ – вели генералната маркетинг директорка на Pizza Hut, Линдзи Морган.