Твитер го олесни цитирањето твитови без тоа да троши од 140-те дозволени карактери за еден твит со цел да го охрабри дискутирањето на мрежата. Социјалната мрежа го соопшти тоа преку твит во текот на вчерашниот ден.
Долната слика покажува како корисниците можат да додадат сопствен коментар кон ре-твитовите без притисокот да мислат дали ќе ги ‘собере’ заедно нивното мислење и оригиналната порака.
Со воведувањето на алатката за цитирање, Твитер ќе ја намали потребата на корисниците да користат услуги на ‘трета страна’ која им овозможува да го споделуваат своето мислење на ре-твит како што е постирањето на скриншот од твитот или користењето на услуги како TwitLonger.