Струковната организација IAB Bulgaria го отвори конкурсот за пријавување на бугарските IAB MIXX Awards за 2024 година, со цел да ги препознае и награди најдобрите дигитални кампањи на пазарот.
Конкурсот за пријавување беше отворен на 19 февруари, а истиот ќе трае до 7 април. Колку порано се поднесе пријавата, толку помала ќе биде и котизацијата за учество. Доделувањето на наградите ќе се одржи на 16 мај.
Агенциите и огласувачите имаат можност да се натпреваруваат во вкупно 20 категории. Пријавените кампањи ќе ги оценуваат вкупно 16 меѓународни специјалисти, поделени во две групи за „креативност“ и „стратегија“. Претседател на жирито повторно ќе биде Александар Калчев, извршен креативен директор во DDB Paris.
Во рамки на настанот, IAB Bulgaria ќе организира и фестивалска програма како дел од која членовите на жирито ќе одржат онлајн предавања на теми релевантни за комуникациската индустрија.
Сите информации поврзани со натпреварот можат да се следат на официјалниот веб-сајт www.mixx.bg