Козметичкиот бренд Dove веќе неколку пати преку инспиративни видеа ја претставуваше убавината на луѓето, особено на жените.
Овојпат има уште една кампања со која сака да ја подигне самодовербата кај жените и да им го промени мислењето за себе.
Тоа го прави на едноставен, но многу практичен начин. На влезот во трговските центри во Шангај, Сан Франциско, Лондон, Сао Паоло и Делхи, каде што има две врати за влез, поставени се натписи „Убава“ и „Просечна“.
Девојките и жените кои пристигнуваат треба да одберат низ која врата ќе влезат. Со тоа првично се гледа мислењето кое го имаат за себе, степенот на самодоверба и несигурноста. Но, подоцна се гледа и како им се менува мислењето.
Од резултатите утврдено е дека 96 % од жените го одбираат влезот за просечни, но дури 80 % од нив се покајуваат или длабоко размислуваат за својот избор и посакуваат да можат да бираат уште еднаш за да го одберат влезот со натпис „Убава“.
Што е она што ги двоуми дали се убави или просечни, погледнете во инспиративното видео:
Извор: CrnoBelo