Оваа уникатна награда се состои од неколку различни главни категории и подкатегории кои ѝ одаваат признание на најдобрата телевизиска содржина од целиот регион. Победниците ќе бидат објавени за време на настанот NEM Zagreb 2024.
По минатогодишното успешно претставување, NEM Awards 2024, натпреварот за најдобра ТВ содржина од регионот на Централна и Источна Европа, организиран во три главни категории, повторно ќе им вдахне живот на бројните проекти презентирајќи ги пред клучната публика и лидерите во индустријата. Доделувањето на наградите ќе се одржи за време на настанот NEM Zagreb 2024, од 4 до 6 декември 2024 година, во хотелот Esplanade во Загреб.
Пријавувањето е отворено и бесплатно за сите учесници од регионот на Централна и Источна Европа!
КАТЕГОРИИ НА NEM AWARDS 2024
Натпреварот е организиран во неколку главни категории:
- Наградата за најдобар предразвоен проект (Best Pre-development Project) е наменета за креативци кои имаат идеја за ТВ сценарио, без разлика на искуството. Условите за пријавување ги исполнуваат неколку ТВ формати во следните поткатегории:
- Серија по сценарио
- Долгометражен филм по сценарио
- Документарен серијал/долгометражен филм
- Забавен формат
Победникот ќе биде поддржан со можности за пазарна размена во износ од 5.000 евра, додека второпласираниот ќе биде награден во износ од 2.500 евра, а третопласираниот во износ од 1.000 евра. Пазарната размена вклучува различни можности за вмрежување и изложба/презентација организирани од Mediavision со партнерски настани како што се Heart of Europe, Conecta, MIPCOM, Series Mania итн. Потоа, сите финалисти ќе имаат можност за јавна 7-минутна презентација на поднесените проекти на NEM Zagreb 2024, бесплатно учество на онлајн пичинг и работилници за „script surgery“.
Марта Каминска, од Секторот за продажба и меѓународни односи во TVP S.A, го сподели своето задоволство од соработката помеѓу двата настани: „Воодушевени сме што NEM Zagreb и Heart of Europe соработуваат и што даваме одлична можност за победниците да ги претстават своите проекти пред глобалната публика. Благодарение на нашето партнерство, креаторите можат да најдат партнерства ширум Европа, додека публиката може да ужива во висококвалитетни содржини со меѓународен потенцијал“.
Алба Перез, програмски координатор во INSIDE CONTENT, исто така ја коментираше соработката помеѓу двата настани: „Партнерството помеѓу Conecta FICTION & ENTERTAINMENT (18 – 21 јуни во Толедо, Шпанија) и NEM Zagreb 2024 ја олеснува меѓународната соработка, зголемувајќи го потенцијалниот опсег и финансирање на проекти од две медитерански земји. Овој сојуз ги зајакнува аудиовизуелните продукции да истражуваат нови патеки за финансиска поддршка, значително зголемувајќи ги нивните шанси за успех. Имено, два проекти на NEM Zagreb, „Playing with Scissors“ (по сценарио) и „Eat a Book“ (несценирано), беаа избрани за Conecta 2024, нагласувајќи ја ефективноста на ова транснационално партнерство во зајакнувањето на индустријата.“
Повеќе информации за наградите можете да најдете на следниот линк: Награди за предразвојни проекти
Рокот за пријавување трае до 10 ноември 2024 година.
- Наградата за развој на копродукциски серии од Советот на Европа (Council of Europe Series Co-production Development Award) има за цел да ја поттикне креативната соработка во копродукцијата на серии и да ги зајакне независните продуценти. Наградата е дел од пилот-програмата за копродукција на серии, како дел од иницијативата на Советот на Европа, преку фондот Eurimages.
Наградата е 50.000 евра (неповратни средства).
Крајниот рок за пријавување е 17 ноември 2024 година.
- Наградата за најдобро завршен проект во Централна и Источна Европа (Best Finished Project in the CEE Award) ќе биде доделена на најдобрата драмска ТВ серија во регионот на Централна и Источна Европа. Тоа е престижно признание за извонредност што ги слави целосно реализираните и завршени ТВ серии од Централна и Источна Европа.
Повеќе информации за наградите можат да се најде на следниот линк: Награди за најдобра завршена ТВ серија во ЦИЕ
Рокот за пријавување трае до 24 ноември 2024 година.
Победниците од сите главни категории и поткатегории се избрани од независно жири составено од врвни индустриски експерти. Наградите на NEM се можност за сценаристи и креатори на содржини, студенти поврзани со индустријата, продуценти, телевизиски и продукциски куќи, таленти и други професионалци од ТВ индустријата од регионот на ЦИЕ, Европа и остатокот од светот.
Во 2023 година, победниците на NEM Awards во пет различни натпреварувачки категории беа:
- Серија по сценарио: Рене Гало – „Mild Miracles“
- Долгометражен филм според сценарио: Миле Божиќевиќ – „Mothers of Humanity“ и Дарија Стилин – „Tied Up“
- Документарна серија / долгометражен документарен филм: Јулија Грошек – „Sugarland“
- Формат за забава без сценарио: Мартичка Божилова и Искра Ангелова – „Eat a Book“
- Најдобра драмска ТВ серија во ЦИЕ: Warner Bros. Discovery –„Spy / Master“
ЗА NEM ZAGREB
NEM Zagreb е настан фокусиран на создавање ТВ серии и филмови. Целта на настанот е поврзување на талентите со вредни можности, создавање простор за нови соработки и подобрување на ТВ индустријата во Централна и Источна Европа. NEM Zagreb создава можности за нови проекти, работни места, копродукции меѓу земјите од Централна и Источна Европа и копродукции меѓу земји со низок и висок производствен капацитет. Исто така, промовира аквизиција на содржини во и надвор од регионот на ЦИЕ, како и инвестиции од европски или светски стримери во оригинална содржина од регионот на ЦИЕ.
NEM Zagreb е кофинансиран од Европската Унија, преку потпрограмата Креативна Европа МЕДИА. Повеќе информации се достапни на официјалната веб-страница на NEM Zagreb 2024.