Како технолошките иновации ги менуваат бизнис кариерите и ефективноста на луѓето? Зошто некои бизниси ќе исчезнат за неколку години (дури и ако во тоа не верувате денес) и како и кои нови бизниси ќе просперираат? Ова се само дел од темите кои организаторите на најголемата технолошка и маркетинг конференција во Бугарија и Источна Европа – CEEDS’15 официјално ги соопштија вчера.
“Многу од бизнисите живеат во минатото, додека иднината веќе се случува денес. Денес, постојат подобри решенија за менаџмент, потрошувачки услуги, маркетинг и адвертајзинг, иновации, продажба… и сите се поврзани со дигиталните технологии. За да се биде успешен не е повеќе доволно да се има “компјутерски вештини”, мора да ја водите дигиталната трансформација во вашата индустрија!” истакна Пламен Русев, претприемач, инвеститор во технолошки компании и организатор на CEEDS’15, кој ќе се одржи на 21 и 22 април во Софија.
Меѓу најистакнатите теми на овогодинешниот настан ќе биде еден од најинтересните и најбрзорастечки пазари во моментот – преносните “паметни” уреди – часовници, наочари, белгзии. Податоците покажуваат дека продажбата во овој сектор ќе порасне за над 35% во наредните пет години. Посетителите на CEEDS ќе бидат дел од дебатата за електронско здравство, менаџиарњето на “big data” електронско учење, дигитална трансформација, социјални медиуми, маркетинг, адвертајзинг, претприемништво и создавањето на вирални содржини.
Организаторите веруваат дека ИТ индутријата во регионот на Централна и Источна Европа има иднина и голем потенцијал, но за ова да се случи потребни се соодветни менаџери и млади луѓе обучени од најдобрите професионалци, да имаат пристап до светските практики и да бидат охрабрени да се развиваат. Тоа се случува на CEEDS’15!
“80% од посетителите на CEEDS и Webit велат дека добиле унапредување на своето работно место откако ги посетиле нашите настани во Софија, Истанбул, Дубаи или на друго место. Луѓето кои го посетуваат CEEDS се специјализирана група – секогаш истражуваат, иновативни се, желни за успех и развој на кариерата и со многу потенцијал”, рече Пламен Русен.
Седмото изадние на CEEDS ќе се одржи на 21 и 22 април во Софија
Програмата нуди седум различни сцени со паралелни настани во полето на маркетингот, претприемништвото, технологијата и иновацијата.
Специјални гости и учесници со свои предавања се: Потпретседателот на Европската Комисија за Единствен Дигитален ПазарЕндру Ансип (поранешен Премиер на Естонија), како и врвни менаџери на некои најуспешните светски компании BitTorrent, SAP; Cisco, Forbes Media, Philips, Intel, GroupM; Digitas LBi, Microsoft; Magine TV, MEC Global, ARM, 500 Startups; Samsung, Techstars, Austrian Space Forum, Intel Capital, FutureBrand, EBAN, FiBank, Speedinvest, Стогодишниот фонд на Принцот на Кралството Саудиска, Meltwater Group, EarlyBird Venture Capital, Elife, RadiumOne, NetInfo, Consumer Electronics Association, Telerik, Progress Software, EBRD, Criteo, 3TS Capital Partners, Warner Music, Bitly, Lakestar, BBC Trending, MasterCard, Visa, Paymentwall, Coinfy и многу други.
Официјалната програма на настанот е веќе објавена и може да биде прегледана на веб-страната: http://www.webit.bg/ceeds/.