Германскиот производител на автомобили Volkswagen ја лансираше својата прва рекламна кампања за австралискиот пазар после седум години, насловена “Let’s Go for a Drive” („Ајде да одиме на возење“).
Во централниот спот на кампањата се запознаваме со едноставниот живот на човек кој одржува светилник на еден мал остров. Тој радосно чисти, готви и го поправа светилникот, но најмногу од сè – задоволство му претставува денот кога доаѓа поштенското бродче.
Причината за тоа е што тој конечно има повод да го повози својот Volkswagen автомобил, иако се работи за кратка релација до поштенското сандаче на брегот од островчето. На крајот од спотот се поставува прашањето: Зошто би возеле доколку нема потреба за тоа? Едноставниот одговор е: Volkswagen.
„Од самиот почеток почувствувавме поврзаност со креативниот концепт и почувствувавме дека директно зборува за тоа кои сме ние како бренд и како сакаме луѓето да се чувствуваат кога ги возат нашите автомобили. Ние сме неверојатно горди на исходот и начинот на кој тој го претставува искуството на возење со Volkswagen“ – истакнува Михал Саниецки, извршен директор за патнички возила во Volkswagen.
Кампњата е создадена во соработка со креативната агенција DDB Sydney.