Под мотото „Нови насоки, нови предизвици“, овој четврток (14 март) во Белград ќе стартува новото издание на меѓународната конференција за односи со јавноста „PRO PR“.
Учество на настанот ќе земат 220 професионалци од областа на односите со јавноста, а во текот на трите конференциски денови – свои говори ќе одржат 36 експерти за ПР, претставници на медиумите и луѓе што се занимаваат со новите технологии.
„Сведоци сме на постојани промени поради технолошкиот развој. Медиумите се трансформираат, новинарите и редакциите се постојано загрозени од предизвикот на вестите создадени од вештачката интелигенција. Таканаречените „податоци“ претставуваат предизвик за различни интересни групи, а претставниците на менаџментот за односи со јавноста и нивните советници не се секогаш во зоната што обезбедува безбеден пристап до нивните мобилни уреди каде што се наоѓаат и овие податоци. Како да се комуницира и интерпретираат податоци, да се создаде наратив кој е прифатлив во просторот? Како брендовите се гледаат себеси во просторот на различните целни групи, потрошувачи и како тие ги користат алатките и техниките за односи со јавноста денес? Ова се само дел од темите за кои ќе се разговара на конференцијата. Горд сум што упорноста ме донесе на лидерска позиција. За прв пат имаме предавач од Иран, а ќе зборуваме и за неизбежната тема за еколошкото, социјалното и корпоративното управување, таканареченото ESG (Environment, social and management)“ – објаснува Данијел Колетиќ, основач и претседател на организацискиот одбор, во пресрет на овогодинешната конференција.
Во рамки на годинешната конференција ќе бидат доделени и престижните PRO PR Globe Awards, за кои уникатни графики изработија студенти на Академијата за уметности на Универзитетот во Нови Сад.