Вечерта на 15 март, во рамки на конференцијата PRO PR во хотелот Мона Плаза во Белград, беа доделени престижните признанија PRO PR Globe Awards.
Добитниците за 2023 година се номинирани од поранешни освојувачи на оваа награда, како и добитници кои се членки на четири светски асоцијации за комуникација: Асоцијацијата за односи со јавноста и комуникациите (Public Relations and Communications Association – PRCA), Меѓународната асоцијација за односи со јавноста (International Public Relations Association – IPRA), Меѓународната организација за комуникациски консалтинг (The International Consultancy Organisation – ICCO) и Овластениот институт за односи со јавноста (Chartered Institute of Public Relations – CIPR).
Добитници на PRO PR Globe Awards за 2023 година се:
од Македонија: Ратка Тирицовска, Стопанска Банка.
- од Украина:
Сергиј Биденко, директор/сопственик на Reputation Antistress (Bayka.agency).
- од Јужноафриканската Република:
Дастин Чик, партнер и управен директор на Razor PR.
- од Соединетите Американски Држави:
Лашонда Л. Еди, доцент, виш научен соработник во Центарот за односи со јавноста Артур В. Пејџ, Државен Унвиверзитет на Пенсилванија.
Тревис Парман, генерален директор за комуникации во Phillip Morris.
- од Иран:
Мина Назари, генерален директор на Одделот за односи со јавноста во компанијата за дистрибуција на енергија Tabriz
- од Италија:
Алиша Матилда Лубрани, генерален маркетинг директор и директор за корпоративни комуникации во Axpo Italia,
- од Обединетото Кралство:
Поли Циок, извршен директор за промени и иновации во лондонската општина Мертон.
Софи Брендел, директорка за публика, комерцијални и дигитални активности во Музејот на Викторија и Алберт.
- од Хрватска:
Роберт Шкунца, управен директор за регионот на Југоисточна Европа во Grayling.
Дарио Габриќ, директор за корпоративни комуникации во Erste&Steiermärkische Bank d.d.
- од Словенија:
Сабрина Печелин, ПР менаџер во Porsche Slovenia.
Аленка Видиќ Прапротник, управен директор на o28, партнер за комуникација.
Блаж Ференц, директор за корпоративна комуникација и одржливост во A1 Slovenia и A1 Serbia.
- од Црна Гора:
Нина Реџепагиќ, сопственик на OR.
Слаѓана Радовиќ, раководител на сектор за односи со јавноста, маркетинг и комуникации во Lovćen Bank AD.
- од Босна и Херцеговина:
Неџад Џуџа, rаководител на сектор за маркетинг и корпоративни комуникации и одржливо управување во Raiffeisen Bank d.d.
Латифа Имамовиќ, директор за маркетинг во Klika.
- од Србија:
Милена Аврамовиќ Бјелица, извршен директор и ко-основач на Chapter 4.
Јелена Милашиновиќ, менаџер за комуникација во Белградската филхармонија.
Сузана Миличиќ, директор/сопственик на Kontakta PR&Media Consulting.
Андреа Брбаклиќ, извршен директор на FromA Consulting Ltd.
- од Романија:
Дана Оанцеа, претседател на Forum for International Communications.
- од Шпанија:
Рафаел Лопис, раководител на одделот за маркетинг во Revestech .
- од Унгарија:
Зофија Балатони, основач и директор за стратегија во Rothman & Roman Group.
Признанието Vision City беше доделено на општина Голубац од Србија, признанието Vision Manager му беше доделено на Саша Поповиќ, директор и ко-основач на VEGA IT, Србија, наградите Infigo беа доделени на Ненад Даниловиќ, основачот и уредник на порталот advertiser-serbia.com од Србија, признанието за Транспарентност во комуникациите беше доделено на Националната академија за јавна администрација на Србија, а оваа година новото признание PRO PR Globe Entrepreneur Awards му припадна на Рајан Кит, извршен директор и основач на ScanQuo од Обединетото Кралство.