(РЕГИОН) – На финалната вечер од хрватскиот национален огласувачки фестивал “Денови на Комуникацијата“ беа прогласени и победниците на наградите X и MIXX за најдобрите остварувања во offline и online огласувањето во Хрватска за изминатата година.
Престижната награда Агенција на годината ја освои агенцијата Bruketa&Žinić OM која воедно беше наградена и со Гранд При награда за кампањата “Временски трезор“ за Заребачка Банка во соработка со агенциите MediaCom и Degordian.
Наградата за Огласувач на годината ја освои Загребачка Банка.
Наградата MIXX “Best in Show” која се доделува за најкреативните и најефикасните проекти во online огласувањето ја освои агенцијата Drap за кампањата “1000 NESCAFE шољички“.
На ранг листата за најдобри агенции според пласманот на натпреварувањето IdejaX второто место го делат агенциите BBDO Zagreb, Imago reklamna agencija, McCann Zagreb и агенцијата Senor додека третото место и припадна на агенцијата Grey Worldwide Zagreb.
Наградата IdejaX е доделена во следниве категории :
– Храна:”CROmpiri”, агенција Imago за клиент Franck;
– Пијалоци (алкохолни и безалкохолни): “Brazil, Kamerun i Meksiko”, агенција BBDO Zagreb за клиент Zagrebačka pivovara;
– Мода здравје и убавина: “Najava Neofen”, агенции McCann и Fahrenheit за клиент Belupo;
– Туризам, култура и слободно време: “Kazalište za kasnije”, агенција Studio Sonda за клиент Istarsko narodno kazalište Pula; – Телекомуникациски услуги: “Ideje iz bliske budućnosti”, агенција Señor за клиент Iskon;
– Финансиски и осигурителни услуги: “Gotovinski krediti online” агенција Grey Worldwide Zagreb и Utorak за клиент Erste&Steiermärkische Bank;
– Општествена акција: “Suglasnik za život”, агенции Imago и Drap за клиент Hrvatska udruga Transplant;
– Самопромоција и корпороративни комуникации: “Rast je u našoj prirodi”, агенција Bruketa&Žinić OM за клиент Adris grupa;
– Најдобра севкупна кампања: “Vremenski trezor”,агенција Bruketa&Žinić OM, MediaCom, Degordian за клиент Zagrebačka banka.
Награди MIXX
MIXX наградите се доделени во следните категории:
– Brand Awareness кампања – “Gentleman Jack’s Barber Shop“, агенција Pepermint и 404 за бренд Gentleman Jack;
– Direct Response and lead generation кампања – “Vremenski trezor“, агенција Bruketa&Žinić OM, MediaCom, Degordian, ZABA odjel digitalno poslovanje, ZABA odjel za tržišne komunikacije за клиент Zagrebačka banka;
– Cross-media integration кампања – “Najmanji album na svijetu“, агенција Drap за клиент Kraš;
– Branded content кампања – “Beck’speriment” агенција Drap за клиенти Zagrebačka pivovara;
– Mobile (Phone/Tablet) кампаа – “Zagreb Be There” агенција Brlog, Bruketa&Žinić OM, Infinum за клиент Turistička zajednica grada Zagreba;
– Social media кампања – “IKEA Hrvatska Social Media”, агенција Drap за клиент IKEA Hrvatska;
– Website кампања – “Podravka – digitalna komunikacijska platforma” агенција web.burza за клиент Podravka;
– Иновативна употреба на технологија – “Čarobno zrcalo – interaktivna instalacija”, агенција Revolucija Dizajna за клиент Ivanina kuća bajke – multimedijalni i interdisciplinarni centar za posjetitelje;
– Best media strategy – “BMW X1 sDrive”, на агенцијата McCann Zagreb за клиент Tomić&Co.