Учесниците на фестивалот „Денови на комуникациите“ ќе откријат сè за креативните процеси – ќе ѕирнат во бекстејџот на агенциската работа, ќе разговараат за еволуцијата на пакувањата за производите и ќе разменат интересни совети за неуспехот.
Дека креативноста, сонцето и морето се непобедливи комбинација знаат и од „Денови на комуникациите“, фестивалот кој од 11 до 14 април ќе ги отвори своите врати во хотелот Lone во Ровињ за сите креативци, дигиталци, комуникатори, дизајнери и други љубители на креативноста и пазарните комуникации. Официјалниот распоред на фестивалот е веќе објавен, па дознаваме дека учесниците ќе можат да земат учество во цела серија интересни разговори на важни теми за креативната индустрија, што го прави фестивалот уникатна можност за развој на креативниот потенцијал – но и дека за тие теми ќе се разговара во низа програмски содржини во текот на трите фестивалски дена, во дури четири сали, кои ќе ја стават креативноста во фокусот од утро до вечер. Подолу издвојуваме само некои од нив.
ПАПКАТА НА СРАМОТ: ГИ СЛАВИМЕ КАМПАЊИТЕ ЗА КОИ СМЕ ЗАЖАЛИЛЕ
Понекогаш кампањите ги постигнуваат посакуваните пазарни резултати, но нивните креатори на крајот не се чувствуваат целосно задоволни. Денови на комуникациите накратко ќе се свртат кон „темната страна“ со цел да се разменат вредни искуства,и со помош на Хрватското здружение на независни професионалци да се истакнат аспектите на креативниот процес кои често се туркаат под тепих. Панелот “The Folder of Shame: Celebrating Our Regrettable Campaigns!” ќе бидe модериран од Карла Андриќ (интегриран стратег, HDNP & HAIKU communications), а Јелена Бабиќ (креативен стратег, Jelen&Jelen), Домагој Давидовиќ (креативен стратег, Minus Minus Agency; член на IAB Хрватска) и Крешимир Кончиќ (сопственик на Neuralab; член на IAB Хрватска) ќе се присетат на нивните не баш успешни кампањи и ќе ги споделат интересните лекции што ги научиле од нив.
РАБОТА СО АГЕНЦИЈА 101
Дали постојат правила за креативност во комуникациската индустрија? И покрај фактот што често се смета за бесконечна и субјективна, креативноста во оглсувањето има принципи и насоки кои можат да помогнат ефективно да се насочи кон целната публика. Во разговорот “Working With an Agency 101”, Лука Дубоковиќ (извршен директор, BBDO Zagreb; член на HURA и IAB Хрватска) со учесниците ќе ги сподели ултимативните 20 совети за создавање успешни маркетинг кампањи – и ќе ја потврди теоријата со пракса, поддржувајќи ја со низа најдобри и најлоши креативни примери.
ПАКУВАЊЕ 360°
Трендот кон сè поквалитетен и инвентивен дизајн на пакување, особено во секторот за храна и пијалаци, прерасна во вистинско дизајнерско движење во последните неколку години. Може ли математички да се докаже дека супериорниот дизајн или редизајн доведува до зголемена побарувачка, и како дизајнерското размислување му помага на клиентот во поширок контекст? Како може таквиот дизајнерски пристап да им помогне на другите видови производи да се позиционираат на пазарот и на полиците? HDD и HURA собраа извонредна група дизајнери и креативци околу оваа тема – Свен Шориќ (претседател на Хрватското дизајнерско друштво), Изворка Јуриќ (креативен и уметнички директор, DIG Studio), Шон Поропат (ко-основач и креативен директор, Studio Sonda; член на HURA и IAB Хрватска) и Анселм Тумпиќ (креативен директор и ко-основач, Studio Tumpić/Prenc, член на HURA и IAB Хрватска) – кои ќе ни раскажат прекрасна приказна за еволуцијата на пакувањата за производите на панелот “Packaging 360°”.
Да потсетиме, покрај одличната регионална програма, на фестивалот се најавени и голем број светски предавачи во главната сала на типично-нетипичните Денови на комуникациите – на гостите во Ровињ ќе им се придружи светски познатиот бихејвиорален економист, психолог и научник кој се занимава со човековото однесување Ден Арили; креативниот бунтовник од Азија со повеќе од илјада награди за својата работа, Јуџин Чеонг, поддржано од ENNA; футуристката и светски познат експерт кој ја користи науката за деконструирање на стресот и мотивацијата, Шиви Џервис; водечкиот комуникатор на Google AI Lab Deepmind, SpaceX и Facebook, Декс Хантер Торике, поддржано од Google; првата адвокатка специјализирана за регулативата и авторските права во сферата на видео игрите која ќе не одведе на патување низ контроверзниот метаверзум, Микаела Мантења; светски познатиот невронаучник и лидер на новата генерација маркетинг лидери, Моран Серф, поддржано од Хрватски Телеком; основачот на виралните Фејсбук страници UNILAD и LADbible и еден од првите кои сфатија колку навистина влијателни можат да бидат социјалните медиуми, Алекс Партриџ, поддржано од Konzum; најголемиот шегаџија на денешницата во уште една прославена улога, Ообах Батлер; светски познатиот бренд стратег кој создава уникатни искуства за брендовите, водејќи ги до нивните деловни цели, Брајан Колинс; познатиот уметник, дизајнер, илустратор, муралист и автор кој дизајнирал и насловни страници на Time, Тимоти Гудман; глобално наградуваниот говорник, автор и комуникациски тренер кој ги трансформира компаниите, менаџерите и лидерите во комуникациски мајстори, Марник Вандебрук; маркетиншката експертка специјализирана за раст на брендовите и авторка на бестселерот „The Laws of Brand Storytelling“, Џесика Џоглио – и голем број други големи светски имиња во индустријата кои ќе понудат непроценливи искуства, завидно знаење и врвни сознанија.
Сите креативци, маркетери, дигиталци, претставници на медиумите и други комуникатори кои и оваа година сакаат да бидат во друштво на регионалните и светски лидери на пазарот, повеќе информации за учество можат да најдат на www.danikomunikacija.com.