Шпанскиот ланец на продавници за премиум облека Massimo Dutti ја претстави својата нова колекција за сезоната пролет/лето 2024, а истовремено го претстави и своето ново редизајнирано лого.
Претходното лого на брендот, во употреба уште од 1990-те години, претставуваше „потпис“ во крузивен фонт со чувство на елеганција и богато наследство. Новото лого, пак, доаѓа во поедноставена верзија со исправени букви и чисти линии, со цел појасна читливост.
Се чини дека оваа модернизација го рефлектира стремежот на брендот да се адаптира кон посовремените текови на дигиталната ера и публика, додека истовремено задржува одредена врска со луксузната традиција.
„Во однос на претставувањето на нечиј уникатен карактер, ние веруваме во потенцијалот на очигледно суптилните елементи и префинетите промени“ – велат од Massimo Dutti на социјалните мрежи.
View this post on Instagram