Здружението на независни комерцијални продуценти на САД наодамна објави хумористична кампања со која ги адресира предизвиците со кои се соочуваат креативците кога добиваат апсурден „фидбек“ од нивните корпоративни клиенти.
Главниот спот на кампањата насловена “Museum-Worthy” („Вредно за во музеј“) замислува алтернативен свет во кои две од најголемите уметнички имиња во историјата – Винсент Ван Гог и Фрида Кало, добиваат критики и предлози за „подобрување“ на нивните дела од страна на клиентите.
Овој комичен пристап резонира со секој креативец што некогаш навигирал низ корпоративниот свет: „Тешко е да се направи уметност вредна за музеј. Уште потешко е да се направат реклами вредни за музеј“ – велат од Здружението на независни комерцијални продуценти на САД.
Оставете ги уметниците да бидат уметници. Верувајте им на нивната визија. И запомнете, дури и великаните се соочувале со апсурден фидбек – дали од набљудувачи, клиенти или фокус групи.
Кампањата е создадена во соработка со креативната агенција BBDO, а централниот спот е режиран од Брајан Билоу од продукциската куќа O Positive Films.