Швајцарскиот бренд на луксузни часовници TAG Heuer претстави неколку новитети за време на одржувањето на саемот „Часовници и чудесии 2024“ во Женева.
„Оваа година, со гордост го претставуваме врвот на нашето занаетчиство со хронографот TAG Heuer Monaco Split-Seconds, издигнувајќи го TAG Heuer до нови височини во „Високата хорлогерија“ (Haute Horlogerie/Високо часовничарство). Нашата длабоко вкоренета врска со мотоспортот блеска со најновите дополнувања на колекцијата TAG Heuer Carrera, од хронографот TAG Heuer Carrera кој комбинира винтиџ шарм и современа елеганција со неговиот панда дисплеј, до TAG Heuer Carrera Date, часовник кој зрачи со врвна женска софистицираност. TAG Heuer Carrera Chronograph Skipper конечно обезбедува сестрана елеганција, оддавајќи почит на поморското наследство на брендот. Додавајќи кон возбудата, TAG Heuer дебитираше со нова филмска кампања со своите бренд амбасадори, доловувајќи го наследството на смелост и извонредност на Carrera. TAG Heuer продолжува да ги поместува границите на иновациите, потврдувајќи ја нашата посветеност да ја редефинираме авангардната Висока хорлогерија“ – објаснуваат од TAG Heuer.
TAG HEUER MONACO SPLIT-SECONDS CHRONOGRAPH
TAG Heuer повторно ја разгорува авангардната хорлогерија со новиот хронограф TAG Heuer Monaco Split-Seconds, впечатлив спој на традицијата и иновациите. Како живописен „трибјут“ на оригиналниот модел од 1969 година, овој неверојатен часовник се одликува со високо софистициран механизам на хронограф кој мери делови од секундата, сега претставен во модерна реинтерпретација на иконичниот квадратен дизајн на TAG Heuer Monaco.
TAG HEUER CARRERA CHRONOGRAPH
Издавањето на хронографот TAG Heuer Carrera ја редефинира култната колекција Carrera, црпејќи инспирација од дизајнот 7753 SN на Џек Хоер. Со елегантен панда дисплеј и модерни детаљи, вклучително и челично куќиште од 39 мм и механизам Heuer 02, беспрекорно го спојува стариот шарм со современата елеганција. Додавањето на опцијата за челична нараквица – прва во редизајнираната колекција на Carrera – го продолжува наследството на Carrera, одразувајќи ја посветеноста на TAG Heuer кон иновациите, истовремено почитувајќи го сопственото богато наследство.
TAG HEUER CARRERA CHRONOGRAPH SKIPPER
TAG Heuer го претстави својот нов TAG Heuer Carrera Chronograph Skipper изработен од розово злато 18K 5N. Задржувајќи го препознатливиот дизајн на „стаклено куќиште“ во кое е сместен механизмот Heuer 02 (реф. TH20-06), овој луксузен часовник ја комбинира софистицираноста со функционалноста за мерење на трки со бродови. Инспириран од историскиот Skipper Reference 7754, часовникот се карактеризира со бројчаник во морско-сина боја со контрастни подбројчаници, укажувајќи на поморското наследство на TAG Heuer, додека проѕирното куќиште од задната страна и сината текстилна нараквица додаваат модерен шмек.
TAG HEUER CARRERA DATE
TAG Heuer се поврзува со својата скапоцена страна, откривајќи три извонредни часовници TAG Heuer Carrera Date. Овие часовници со дијаметар од 36 мм ја олицетворуваат женската софистицираност со луксузни материјали како розово злато 18K 5N и дијаманти. Дизајнирани врз основа на визијата на Џек Хоер за совршен часовник за секоја пригода, тие ја спојуваат формата и функцијата, одразувајќи го иконичниот дизајн на Carrera. Новите модели имаат волшебен бакарен бројчаник со сјајни бисерни и дијамантски акценти, сместени во челично куќиште, поставувајќи нов стандард за безвременска елеганција.
CARRERA: CHASING DREAMS SINCE 1963
TAG Heuer лансираше филмска кампања која го слави наследството на колекцијата Carrera, во која се појавуваат холивудските ѕвезди Рајан Гослинг, Александра Дадарио и Патрик Демпси, заедно со кинескиот бренд-амбасадор Лиу Хаоран. Снимена во ноќна атмосфера, кампањата го прикажува следењето на соништата симболизирани преку иконичниот часовник Carrera. Секој амбасадор на брендот ја отелотворува смелоста и решителноста кои преставуваат синоним за тркачкото наследство на Carrera, симболизирајќи ја бескомпромисната потрага по извонредност што ја негува брендот. Кампањата ја опфаќа суштината на Carrera како часовник за оние што се доволно смели да тргнат во потрага по сопствената судбина, уште од неговото премиерно преставување во 1963 година.
Официјални застапници за производите на TAG Heuer во Македонија се „Божиновски часовници и накит“.