Ако сте креативни, под 30 години и сте желни да искусите нешто ново, Golden Drum е најдоброто место за славење на вашата креативност на глобална сцена!
Ова е вашата шанса да ги покажете своите вештини на традиционалниот натпревар за млади креативци “Young Drummers”, организиран од страна на меѓународниот креативен фестивал Golden Drum во партнерство со Словенечкото туристичко биро.
Победникот(ците) не само што ќе добијат парична награда од 1.000 евра, туку и ќе се најдат во центарот на вниманието на сцената од главната фестивалска вечер на Golden Drum, за време на церемонијата на доделување на награди.
Дополнително, сите млади кретивци кои со своите дела ќе влезат во потесниот круг на натпреварот, ќе добијат бесплатна делегатска карта за јубилејното 30-то издани на Golden Drum.
Овогодишната тема на натпреварот е „You can’t spell Slovenia without love and that is why you must love it“, за која учесниците ќе треба да изработат плакат или серија на плакати.
Како би ја објасниле приказната за Словенија, нејзината убавина, култура и шарм, во краток креативен постер? Како би ги инспирирале другите да се заљубат во Словенија толку многу што ќе копнеат да ја искусат од прва рака?
Крајниот рок за пријавување е 9 септември 2024 година. Повеќе за натпреварот можете да прочитате на следниот ЛИНК.
Победниците ќе бидат избрани од меѓународно стручно жири во состав:
- Озге Ѓувен, директорка за дизајн, TBWA/Istanbul, Турција – претседателка на жирито
- Чаба Гоштоњи, раководител на MOME Open при Универзитетот за уметност и дизајн Moholy-Nagy од Будимпешта, Унгарија
- Александра Липеј, менаџерка за глобални комуникации во Словенечкото туристичко биро
- Теодор Нисбел Фјал, уметнички директор, Uncommon Creative Studio, Шведска
- Тина Срачњек, проект менаџер, маркетинг на дигитални содржини, Словенечко туристичко биро
Запознајте го жирито на овој линк.