Пивскиот бренд Heineken, во соработка со американскиот моден бренд Bodega, ја лансираше кампањата „The Boring Phone“ („Досадниот телефон“).
Се работи за лимитирано издание на „глупави“ телефони – специјално дизајнирани да имаат намалени технолошки способности – со цел да ги охрабрат луѓето да уживаат во подобри реални врски за време на ноќните часови така што ќе се оттргнат од нивните паметни телефони.
Со оглед на тоа што паметните телефони стануваат толку напредни и интересни за корисникот, полесно е од кога било да се поврзете со онлајн светот, но потешко е да се остане во моментот. Произведен од европскиот мобилен иноватор, Human Mobile Devices (HMD), новиот „досаден телефон“ на Heineken и Bodega го оттргнува вниманието од денешните паметни телефони. Дизајниран да ги испорачува исклучиво основите потребни за одлично ноќно излегување, телефонот може само да испраќа и прима повици и текстуални пораки.
Транспарентното куќиште и холографските налепници на телефонот црпат инспирација од љубовта на младите кон модата и дизајнот во ретро стил и потсетуваат на мобилните телефони од раните 2000-ти. На телефонот не може да се преземаат и инсталираат апликации на социјални медиуми или други апликации што вниманието на корисникот го одвлекуваат од реалниот момент. Притоа, телефонот се карактеризира со исклучително издржлива батерија од 20 часа активно користење, односно една недела мирување.
Heineken и Bodega го започнаа ова партнерство како одговор на глобалниот тренд на потрошувачите од Генерацијата Z кои сакаат да се детоксираат од своите паметни телефони. Телефонот ќе биде промовиран денес на Неделата на дизајнот во Милано, со специјална забава дизајнирана да им покаже на луѓето дека има повеќе содржини во нивниот социјален живот кога консумираат помалку содржини на нивниот телефон.
Во претстојниот период, уредите ќе бидат подарувани на корисници ширум светот, со цел тие да можат да се „исклучат“ од онлајн светот, да си го вратат квалитетното време со пријателите, семејството и најблиските и да ужуваат во своите ноќни излегувања.
За оние кои нема да успеат да набават „досаден телефон“, во јуни ќе биде лансирана специјална аплиакција која ќе ги претвори паметните телефони во „досадни“ и „глупави“.
Кампањата на Heineken и Bodega е создадена во соработка со креативната агенција LePub и поддржана од глобалната агенција за односи со јавноста The Romans и медиската агенција Dentsu Redstar.