Ако има еден момент што децата особено го сакаат, тоа е кога нивните родители ќе ги изведат на јадење. Тоа е за нив како откривање на Светиот Грал, крајната награда! Самото спомнување на вечера некаде надвор, им предизвикува сјај во очите… И нема да лажеме, нè прави среќни што ги носиме таму.
Според новата реклама на Burger King за францускиот пазар, прашање на време е кога нашите деца ќе пораснат и ќе заборават на нас. Но, ако им подариме детски оброк King Junior денес, тие сигурно ќе нè запомнат и ќе ни вратат дупло кога ќе остариме. Затоа, подгответе се за иднината и не заборавајте да ги однесете вашите деца во Burger King.
Така, дури и ако не биде сè забавно и игри (сите ги знаеме пискавите врисоци, фрлањето на храна, извалканите алишта и постојаното одење во тоалет…), еден ден тие ќе ни бидат благодарни, а носењето во Burger King ќе ги создаде оние среќни спомени по кои ќе не паметат.
Користејќи иронија и добрина, тоа ни го илустрира новиот рекламен спот на брендот за брза храна. Во него гледаме возрасна жена и нејзините двајца браќа кои ја посетуваат својата постара мајка во пензионерски дом, споделувајќи убави и разиграни моменти, на крајна фрустрација на другите пензионери кои гледаат на среќното семејство во осамена љубомора. Можеби тоа е затоа што не ги однеле своите деца во Burger King?
Кампањата е создадена во соработка со креативната агенција Buzzman и продукциското студио Henry.