Бугарскиот бизнис неделник „Капитал“ го доби својот седми главен уредник од основањето во 1993 година, во ликот на Ивајло Станчев.
Ивајло Станчев досега беше управен уредник на „Капитал“. Во тимот на весникот се приклучил пред седум години, најпрвин како известувач во рубриката „Енергија“, а подоцна и како уредник на рубриката „Економија“. Пред тоа 10 години работел во весникот „Банкер“.
Почнувајќи од 1 јуни, Станчев ќе го наследи Алексеј Лазаров, кој функцијата генерален уредник на „Капитал“ ја извршуваше во последните 10 години. Под раководство на Лазаров се објавени над 515 изданија на неделникот. Паралелно, „Капитал“ се развиваше како полноправен дигитален медиум, адекватен на променливите технологии и навики на потрошувачите во информативната индустрија.
Уредничкиот став на „Капитал“ е изграден врз разбирањето дека слободното претприемништво, личната слобода и одговорноста кон средината во која живееме се важни предуслови за просперитет.